Вучевиќ: Ако Курти испрати полиција на северот на Косово ќе има несогледливи последици

 

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека обезбедувањето мир на Косово е „обврска на КФОР“.

„Гледаме на КФОР како фактор кој мора да ја заштити и гарантира безбедноста на сите граѓани во покраината. Посебно сега, по повлекувањето на Србите од институциите во покраината, да не му се дозволи на (Албин) Курти да испрати полицајци од албанска националност од југ да ги заменат српските полицајци. Тоа би бил пат со несогледливи последици“, истакна Вучевиќ за „Вечерње новости“.

Во претходните денови голем број Срби ги напуштија косовските институции.

10.11.2022 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега