Вучиќ: Денеска сите видоа кој се залага за мир и стабилност - тоа не е Курти
Претседателот Александар Вучиќ, денеска, во Брисел, во рамките на дијалогот со Приштина разговараше за кризата во Косово и Метохија.
На разговорите учествуваа високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, и премиерот на привремените приштински институции, Албин Курти.
Вучиќ ѝ се обрати на јавноста и изјави дека Курти одбил каков било компромис, па дури и да се откаже од казнувањето на Србите.
„Денес, на сите им е јасно кој беше конструктивен и кој се залага за мир и стабилност. Од за мене нејасни причини, не успеавме да постигнеме апсолутно никаков договор“, рече Вучиќ на почетокот на своето обраќање.
Србија уште еднаш покажа желба за компромис и договор за мир, дури и да му не се издаваат нови таблички на КМ, но од другата страна, имаше соговорник што сака само војна и протерување на Србите.
„Сакам да ги соберам сите впечатоци и ќе му се обратам на нашиот народ. Ни претстојат непроспиени ноќи и многу тешки денови. Кога зборувате за нешто во иднина, мора да ги почитувате тие договори што се потпишани. Тие сакаат да се почитува нешто за што не се ни разговарало. Секако дека нема да биде лесно во наредниот период“, изјави Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа