Вучиќ ги откажа сите посети: Следните три дена ќе бидат најтешки во последните 10 години

 

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги откажа сите посети во странство поради ситуацијата на Косово, дознава Танјуг од Претседателството на Србија.

Вучиќ му се извини на својот голем пријател, претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, што го откажал присуството на состанокот COP 27, кој се одржува во Шарм ел Шеик од 7 ноември.

На состанокот ќе присуствуваат сите светски лидери, од американскиот претседател Џозеф Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мохамед бин Зајед и други.

„Ќе бидат ова најтешките 72 часа во последните 10 години, а во следните денови многу работи ќе станат јасни“, вели Вучиќ.

04.11.2022 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега