Вучиќ: Нападот во Младеновац е терористички чин
Нападот во Младеновац, Србија, е терористички чин. За ова е дециден претседателот Александар Вучиќ. Тој кажа дека се изгубени животи на многу граѓани и дека се сочувствува со семејствата и сите граѓани.
„Ова е напад на целата држава, секој граѓанин тоа го осеќа. Ако сум поборник на теориите на заговор, ќе имав што да кажам. Изгубивме многу деца, многу граѓани. По убиството на децата, сите бевме во состојба на шок“, рече Вучиќ.
Синоќешниот напад, Вучиќ го карактеризираше како терористички.
„Нашите служби имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот. Лицето е уапсено и светлост во денот, нема да види. Од затвор нема да излезе“, додаде Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа