Вучиќ: Нема лесни и едноставни одлуки, но потребни се промени на навики, поголема соработка и реформи во енергетиката

 

 

„Мора да ги промениме своите навики и да спроведиме реформи, да работиме на друг начин. Мораме тоа да го сториме што побрзо бидејќи ќе се соочиме со вистинска катастрофа“ изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

Тој истакна дека потребни се инвестиции во енергетскиот сектор од 17 до 33 милијарди евра и кажа дека за да се успее во енергетската трансформација потребно е целиот регион да работи заедно.

„За да успееме мора да работиме сите заедно во регионот, со поддршка на нашите норвешки партнери и се надевам и многу други инвеститори. Заедно можеме многу да направиме, имаме многу идеи“ рече Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека без разлика дали се зборува за шест земји од Западен Балкан или 5+1, сите мора да работат заедно, бидејќи во спротивно не очекува голема несигурност.

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски на конференцијата истакна дека престои тешка зима на целиот регион, но со солидарност и меѓусебна соработка ќе се обезбеди стабилна енергетска состојба, доволно храна и суровини за да се надмине кризата.

17.11.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега