Вучиќ: Србите на Косово нема да ги оставиме сами

 

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот инстаграм-профил објави видеоретроспектива од изминатата работна недела.

„Српскиот народ нема да остане без поддршката на Србија, што и да се случи, бидејќи за нас е важно Србите од Косово и Метохија да бидат безбедни и сами“, напиша Вучиќ со видеото и додаде:

-„Без избрзани потези, секогаш со нашите луѓе и за подобра иднина на нашите деца, ова е политиката што ја водиме и за која се залагаме секојдневно. Продолжуваме да ги штитиме националните интереси, а во исто време се бориме за секоја фабрика, за сè што може да донесе благосостојба, да биде посилно, подобро.

Имаме доверба во себе и верувам дека ќе успееме да ги зачуваме мирот и стабилноста, нашиот народ и нашата Србија“, заклучи Вучиќ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

07.11.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега