За прв пат во Македонија: Успешно вратена функцијата на лактот кај пациент со сложена скршеница
Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.
Интервенцијата, како што е наведебо во соопштението, е изведена на клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.
- Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар, Тони Цветковски, соопштија од Министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа