Започна учебната година во Албанија – или вакцина или негативен тест
Денеска започнува новата учебна година во Албанија, но под посебни протоколи и специфични рестрикции.
Имено, согласно одлуките на здравствените власти во Албанија, професорите мора да имаат сертификат за вакцинација против коронавирусот, во спротивно мора да поседуваат негативен тест и тој ќе треба да го прават еднаш неделно.
Овие рестрикции ќе важат и за сите студенти, почнувајќи од 11 октомври.
Согласно информациите на Комитетот на експерти за справување со пандемија, досега во Албанија, две дози на вакцина против Ковид-19, примиле 60 проценти од просветните работници, а 80 проценти биле вакцинирани со една доза.
Првиот човек во албанското здравство, Огерта Манастирлиу, потенцираше дека се зголемил интересот за вакцинација за време на отворенте месеци за вакцинација.
Инаку, во земјата биле вакцинирани 1.683.644 граѓани, од кои над 750.000 лица се вакцинирани со две дози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа