Жена се породи во трамвајска станица во Сараево - со бебето добија доживотни билети
Жена која неодамна се породи во возило на трамвајската станица во близина на катедралата во Сараево, како и нејзината новородена ќерка, ќе добијат доживотни билети за јавен превоз.
Мајката на родилката на „Фејсбук“ објави дека породувањето се случило толку брзо што нејзината ќерка и зет не можеле да стигнат до болницата, пренесува порталот „Кликс“.
Таа соопшти дека министерот за транспорт на кантонот Сараево, Аднан Штета, на мајката и на новороденото бебе им подарил доживотни билети за градскиот превоз.
Макфакс
09.10.2021 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа