Жителите на Загреб во паника: Земјотрес ја погоди Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на подрачјето на Загреб околу 10 часот и 25 минути, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван и во областа Сисак.
„Силен шок со тресење, центар на Петриња. Посилно од вообичаено…“, „Повторно многу силно тресење“, „Па, уште колку“, се дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.
07.11.2022 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа