Ангела Меркел по 16 години, се повлекува од активниот политички живот
Ангела Меркел, често прогласувана за најмоќна жени во светот и една највлијателните и највпечатливите политички фигури, по 16 години се повлекува од активниот политички живот. Таа ја предводеше Германија-најмоќната економија во Европа, низ тешки периоди како финансиската и економската криза, хуманитарната бегалска и мигранстка криза и за време на Ковид-пандемијата. Тоа се години кога земјата стекна почит и љубов во Европа и во светот, ќе рече германскиот претседател Штајнмаер. Но Меркел заминува во политичка пензија во време на големи глобални предизвици, на отворени несогласувања во ЕУ, на сеуште нескротената пандемија и на се поверојатна енергетска криза.
Во однос на регионот Меркел беше главниот промотор на поблиската соработка меѓу Западниот Балкан и Европската Унија, и доследно се бореше за проширување. Сепак, Северна Македонија и регионот и покрај ветувањата остануваат со неизвесни изгледи околу евроинтеграцијата и со се поголема колебливост во Унијата во однос на проширувањето.
За тоа што го очекува регионот по завршувањето на ерата на Меркел, дали новата власт во Берлин ќе ја продолжи досегашната политика во однос на ЕУ проширувањето и за влијанието врз македонско-германските односи, МИА разговараше со амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичките аналитичари Алберт Муслиу и Димитар Николовски .
Амбасадорот Филипов во коментар за МИА посочува дека канцеларката Ангела Меркел беше централниот аниматор на ЕУ во однос на прашањето за иднината на земјите од Западен Балкан. Во нејзино време се случи отпочнување на преговорите меѓу Србија и Косово, како и создавањето на Форумот наречен Берлински процес, чии почетоци датираат уште од 2013 (иницијатива), односно 2014. Целта, вели, беше зајакнување на заедничката позиција на земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина) во поглед на свесноста за неизбежноста од нивна меѓусебна соработка на политичко и особено на стопанско поле, пред да станат членки на ЕУ.
Според него, на ваквиот потег на Меркел големо влијание извршило лошото искуство од „предвременото“ примање на Бугарија и Романија во НАТО и ЕУ водено исклучиво од геостратешката позиција на тие земји имајќи ја предвид нивната граница со Русија и останати земји од поранешниот Советски Сојуз, преку Црно Море, како и со Турција и цевководите преку кои би се пренесувале гас или нафта од Русија или Азербејџан или други земји, кои речиси во сите варијанти ја опфаќаат Бугарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа