Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти.
Одлуката за намалување е пред состанокот на американската и кинеската делегација во Женева, за време на викендот.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир треба да се сретнат со кинеска делегација овој викенд во Швајцарија. Тоа ќе бидат први големи разговори откако Трамп почна трговска војна со наметнување високи царини.
На 2 април Трамп воведе нови царини за Кина, а Пекинг возврати. Американските царини за кинеските стоки изнесуваат 145 отсто, а кинеските за артикли од САД – 125 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа