Амбасадата на САД во Киев предупредува на „потенцијално значаен“ воздушен напад
Амбасадата на Соединетите држави во Киев во петокот вечерта предупреди за „потенцијално значаен“ воздушен напад наредните денови.
„Амбасадата на САД во Киев доби информации за потенцијално значаен воздушен напад што би можел да се случи во кое и да е време во текот на следните неколку дена“, соопшти амбасадата на својата веб-страница.
Во него се додава дека „амбасадата препорачува американските граѓани да бидат подготвени веднаш да се евакуираат во случај на воздушен напад“.
Претходно во петокот руските безбедносни служби објавија дека траеше руското тридневниот едностран прекин на огнот, кое завршува на полноќ кон сабота, украинската војска извела напади со дронови врз девет населени места во пограничната Белгородска област, како и дека украински диверзанти во петокот направиле четири обиди да продрат на териториите на Курската и Белгородската област.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа