Арсовска е дел од набљудувачката мисија на Советот на Европа во Германија

 

Градоначалничката на Град Скопје е дел од набљудувачката мисија на Советот на Европа во пресрет на регионалните избори во СР. Германија, како потпретседател на Европската Народна Партија во конгресот и претставник на Совет на Европа.
 
Делегацијата на Советот на Европа е составена од 10 членови, а шеф на делегацијата е Дејвид Ерај од Швајцарија член на Европската Народна Партија. Денес делегацијата оствари средба со Претседателот на Хамбуршкото Собрание Карола Вејт, регионалниот канцелар Јан Порксен, по што следат средби со членови на политички партии и кандидати кои се натпреваруваат на претстојните регионални избори.
 
Конгресот учествува во набљудувачките мисии за локалните избори во 46-те земји членки на Советот на Европа, а од 1990 година досега има спроведено над 120 мисии за набљудување на избори, што е еден од акциските приоритети на Конгресот. Оваа активност го надополнува политичкиот мониторинг од Европската повелба за локална самоуправа, која претставува темел на локалната демократија во Европа.
28.02.2025 - 15:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега