Добри вести за младите: Ќе се субвенционира полагањето за возачка дозвола
Oпштина Карпош распиша јавен повик за финансиска помош на младите лица кои сакаат ги полагаат испитите за добивање на возачка дозвола за Б категорија, но со точно дефинирани критеруми за добивање на оваа субвенција.
-Секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години- велат во соопштението.
Висината на финансиската помош, пак, е определена според вкупниот месечен приход на двајцата родители:
-Доколку двајцата родители имаат вкупен приход до 80.000,00 денари, добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување за теоретски и практичен дел од обуката.
-Доколку двајцата родители имаат вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари, добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување за теоретски и практичен дел од обуката.
-Доколку двајцата родители имаат вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари, добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување за теоретски и практичен дел од обуката.
-Доколку двајцата родители имаат вкупен приход од над 120.001 денари, добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување за теоретски и практичен дел од обуката.
Сепак, општината напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, откако добиле потврда од страна на локалната самоуправа за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општина Карпош.
Притоа, општината ги информира граѓаните дека јавниот повик ќе трае се до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа