Бесплатен ноќен превоз во Белград, најави градоначалникот
Ноќниот превоз во Белград ќе биде целосно бесплатен, изјави денеска белградскиот градоначалник Александар Шапиќ.
– Кој ќе излезе навечер нема да мора да седи во кола со никого или да плаќа такси. Ќе има прецизно време кога ќе сообраќа јавниот превоз и граѓаните ќе се возат целосно бесплатно – рече Шапиќ.
Поради штетниот договор за Градот, тој додаде дека јавниот градски превоз бил оштетен за околу 30 милиони евра годишно.
10.04.2023 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа