(ВИДЕО) Пожарот во „Пулс“ се гаснел со неисправно противпожарно возило, вели Крстевски
Гаснењето на трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, се одвивало и со неисправно противпожарно возило.
В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, открива дека за време на интервенцијата, пожарникар ја држел кочницата, за да истото може да се користи
Дополнително, друго употребено возило било исправно, но старо дури 47 години. Противпожарната единица во Кочани располага со пет возила, од кои две се неисправни и вон употреба, додека останатите три се во многу лоша состојба, изјави Крстевски.
29.04.2025 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа