Бугарија испраќа војници на границата со Турција

 

Бугарскиот привремен министер за одбрана, Георги Панајотов, за бТВ изјави дека неговата земја испраќа војници на границата со Турција.


Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарско-турската граница има оштетени делници што треба да се обноват, а се наоѓаат долж целата заедничка граница.


Министерот Панајотов најави дека од денеска на бугарско-турската граница ќе има воени лица кои ќе ја поддржуваат работата на Граничната полиција за справување со бегалците.

-Испратени се 350 лица, со околу 40 парчиња техника, објасни Панајотов.

01.11.2021 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега