Чешка се спаси во финишот, Македонија прокоцка седум гола предност во Злин
Македонските ракометари во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство (СП) 2023 одиграа само 24-24 против Чешка, иако доминираа во текот на целиот натпревар.
Македонија имаше добро прво полувреме во кое најчесто водеше со четири голови предност, а таа на полувремето изнесуваше 13-10.
Вториот дел го отворивме со серија од 4-0 и предност од 17-10, по што следните минути требаше да бидат само рутина за македонските ракометари, но сепак не беше така.
Македонија го одржуваше високото водство до завршницата, кога Чешка се разбуди и ги искористи своите шанси за на крајот да дојде до реми (24-24).
Реваншот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17 април во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа