Дојава за бомба во училилиште во БиХ - надлежните ја прочитале пораката дури наредниот ден
Полицијата во БиХ ги проверила просториите на средното училиште „Хасан Кикиќ“ и утврдила дека не се наоѓа бомба. Пребарувањето следувало откако вчера вработените во училиштето прочитале мејл во кој имало дојава за бомба. Мејлот со лажната дојава и бил испратен ден претходно, но тогаш никој не го прочитал, пренесува Индекс.
Откако го виделе мејлот, од училиштето ја контактирале полицијата која ги евакуирала учениците и наставниците.
По проверка на училишните простории утврдено е дека нема бомба. Денеска наставата се одвива редовно.
09.06.2022 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа