ДУИ: Неодговорноста во истрагата за Кочани лоша по стабилноста на земјата

 

Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани.  Ова денеска го велат ДУИ преку соопштение за јавноста.

- Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД. ЕУ и земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес. Селективната правда го потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите, велат од партијата.

Според ДУИ, неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

- Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување. ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата, завршуваат од ДУИ во соопштението за јавноста.

27.03.2025 - 08:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега