Двојно убиство во БиХ: Маж си ги уби сопругата и 13-годишниот син

 

Две лица биле убиени вчеравечер во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. 

Како што потврди за „кликс“ Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се телата на жена и нејзиниот 13-годишен син.

Како што беше кажано, мажот ги убил сопругата и синот, а полицијата моментално трага по него. Телата се пронајдени во станбено-деловен објект, а според неофицијални информации, мажот и жртвата Инела С. биле формално разведени, но живееле заедно.

Повеќе детали ќе се знаат подоцна, изјави Арнаутовиќ и додаде дека се уште не е познат начинот на убиството.

13.02.2025 - 14:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега