Еден мигрант загина, а десет се спасени во потонат брод во Грција

 

Грчката крајбрежна служба спасила десет лица и извлекла едно безживотното тело во акцијата по потонат чамец со мигранти источно од островот Кос, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку европскиот број за итни случаи 112, крајбрежната служба на Грција добила повик за помош, по што започнала спасувачката акција и сите 11 лица биле пронајдени во морето, меѓу кои и загинатиот.

Спасените мигранти, сите мажи, биле пренесени на островот Кос и во центарот за прием и регистрација на мигранти, а изјавиле дека на чамецот што потонал немало други патници.

17.11.2022 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега