Европскиот парламент ја изгласа одлуката за визна либерализација со Косово

 

 

Пратениците во Европскиот парламент ја изгласаа денеска на пленарна седница одлуката за визна либерализација за Косово, што беше и последниот чекор кон укинување на визите за граѓаните со косовски пасоши, пренсува српска „Политика“.

На косовските граѓани ќе им биде дозволено да патуваат и да престојуваат во Европската Унија до 90 дена во кој било период од шест месеци.

Останува уште официјалното потпишување кое веќе е најавено на веб-страницата на Европскиот парламент. Како што се наведува во најавата, одлуката за визна либерализација ќе ја потпишат претседателот на Европскиот парламент и претставникот на Шведска како земја-претседавач со унијата.

Одлуката треба да стапи во сила заедно со ЕТИАС, европскиот систем за информации и овластување за патување, но најдоцна до 1 јануари 2024 година.

Пред речиси десет години, Европската комисија даде препорака до другите инстанци на ЕУ да воведат визна либерализација за Косово и Европскиот парламент веднаш ја поддржа препораката.

Сепак, ќор-сокакот се случи на ниво на земјите-членки. Првенствено се шпекулираше дали се работи за земјите кои не ја признаваат независноста на Косово, а Холандија и Франција се споменуваа и поради некои други причини.

Сепак, сите пречки беа отстранети во ноември годинава, кога беше договорен текстот на договорот за визна либерализација и сите членки на ЕУ дадоа зелено светло.

18.04.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега