Финансиска помош за жртви на насилство во Кисела Вода, најави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите.
-Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство.
Борбата за спречување на секој вид на насилство е дел од нашата стратегија која во континуитет на спроведуваме.
Оваа нова мерка, за која наскоро ќе биде распишан и Јавен повик, ќе гарантира целосна дискреција на жртвите кои ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство.
Насилството е за секоја осуда, никој на овој свет не смее да биде жртва.
Ова не е прва мерка која ја воведуваме во насока на надминување на ваквите или слично проблеми.
Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација ,,Крик” отворивме канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип на насилство.
Кисела Вода не само што е потписник на Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, туку и во пракса интензивно работи на имплементација на сите нејзини постулати.
Заедно сме посилни. Заедно можеме да направиме промени! - рече Ѓорѓиевски
14.03.2025 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа