(ФОТО) Ова е станот кој изгоре ноќеска во Кисела Вода
Доцна синоќа целосно изгоре стан во Кисела Вода.
Од МВР информираат дека синоќа во 23:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Дељан“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на Ј.Ј.(86) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а поради вдишување на чад во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош биле пренесени сопственикот, неговата сопруга Г.Ј.(69), еден полициски службеник и еден пожарникар.
Полицијата ќе изврши увид на местото на настанот во текот на денешниот ден за да ги утврди причините за пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа