ФОТО: Паркирал „Пежо“ покрај контејнер - вработените во комунална хигиена покажаа необична сцена
Вчера утрото, комуналните работници во Сараево пронајдоа необична сцена во областа Добриња. Имено, еден несовесен возач решил да го паркира своето „Пежо“ на неовластено место, покрај контејнерите.
За соптвеникот на возилото тоа не беше многу паметна идеја, бидејќи огорчените станари му го покриле автомобилот со отпад.
– Не е дозволено паркирање на возила пред контејнери – наведоа од КЈКП „Рад“ на нивната „Фејсбук“ страница, со фотографија од возилото.
Додека некои граѓани ги пофалија оние што му „оддржаа лекција“ на несовесниот возач, други тврдат дека овој автомобил и припаѓа на жена која собира картон и заработува за живот од тоа и дека е срамота што и направија од автомобилот. Останува да се види што е вистинито.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа