(ФОТО) Пристигна камион по телата на починатите во автобуската несреќа: Се транспортираат останките
Судската медицина ги пушта телата на 45-те загинати во тешката автобуска несреќа кај Бошнек. Се очекува утре со воен авион да бидат пренесени во Скопје, пренесува БТВ.
Утрово камионот испратен по телата се паркираше на влезот во дворот на зградата. На лице место пристигнаа и претставници на властите во С. Македонија.
Во програмата „Ова утро“ раководителката на клиниката за изгореници „Пирогов“, д-р Маја Аргирова, рече дека преживеаните во болницата се во исклучително тешка психолошка состојба.
„Пациентот, кој е во соодветна состојба, господинот Сулејмани, забележал специјален чекан. Во метежот видел каде е чеканот за стаклата на автобусот. Со него успеал да ги скрши стаклата на возилото и така, заробените на крајот од автобусот, успеале да излезат“, изјави таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа