ФОТО: Србите досега предале огромна количина на оружје

 

 

Владата на Србија прогласи период за амнестија од еден месец за граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје како дел од кампањата против оружјето, откако во две престрелки во два дена овој месец загинаа 17 лица, од кои многумина деца.

Властите денеска покажаа складиште со оружје и картони со рачни гранати во кои имало илјадници оружје, вклучително и противтенковски ракетни фрлачи, кои според нив биле предадени од луѓе по серијата масовни престрелки што ја шокираа земјата.

Претседателот Александар Вучиќ ги придружуваше највисоките полициски службеници за да го види асортиманот на оружје распореден во близина на градот Смедерево, на околу 50 километри јужно од Белград. Официјалните лица рекоа дека жителите предале околу 13.500 пиштоли од отворањето на амнестијата на 8 мај.

 
15.05.2023 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега