ФОТО: Во пресрет на изборите објавени нови контроворезни фотографии од Борисов

 

Новите фотографии испратени до бугарските медиуми на 9-ти ноември го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума на евра во фиока покрај креветот и пиштол на врвот на ноќната маса.

На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него има портокалов презерватив.

Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори на 14-ти ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и да биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.

 

13.11.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега