Гаши го пречека Јандроковиќ со свечена церемонија - Следи тет-а-тет средба

 

Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.

Според најавата од Собранието, Јандроковиќ  ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери. Потоа претседателот на хрватскиот сабор Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на 37. седница.

Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата. фф/ев/

06.03.2025 - 10:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега