Со мајката и ќерката изгорело и нивното куче - Нови детали за страшната трагедија во Србија

 

Мајката Санела Шаулиќ и нејзината ќерка, 18-годишната Марија, заедно изгореа во автомобил кој се запалил по страшна сообраќајна несреќа кај Суботица. За жал и 45-годишната мајка и нејзината ќерка загинале.

Марко Берберовиќ со солзи во очите за српските медиуми открил како загинале неговата снаа и внука.

- Денеска овде нема живот за никој од нас. Страшна трагедија поради пијана будала која возела 170 километри на час. Се плашам за семејството, како ќе продолжат, рекол тој.

Санела а превезувала штотуку полнолетната ќерка и нејзиното куче. Оделе на ветеринар на вакцина. Тоа било младо кученце женка, кое скоро било оперирано. За жал, и тоа изгорело со нив во возилото.

- Беше добро дете, требаше да полага за возачка. И Санела беше прекрасна, млада жена која со ќерка и беше како другарка, рекол дедото за српските медиуми.

06.03.2025 - 08:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега