Ги избркале од станот бидејќи нивните 4 деца биле многу гласни
Голема дебата се води во Србија откако семејство со 4 деца било исфрлено од станот во Белград во кој што живеело под кирија бидејќи нивните деца биле премногу гласни. Сопственикот на станот ги замолил да си заминат бидејќи соседите константно се жалеле дека има преголема бука.
Социолозите велат дека родителите премногу им дозволуваат на децата во последно време поради што тие се размазени и тешко се контролираат.
Адвокатите пак се на став дека од правен аспект тука се е чисто. Според нив, сопствениците на становите и оние кои ги изнајмуваат имаат договор во кој е наведено дека мора да се почитува куќниот ред во зградата што подразбира и период за одмор кога семејствата мора да ги контролираат своите деца и нивото на бучава кои тие го предизвикуваат.
Семејството кое што е исфрлено вели дека тешко се контролираат 4 деца но дека вложиле максимални напори да бидат тивки и да не му пречат на соседството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа