Град Скопје со вонредна седница: Доделени шест милиони денари за семејствата на настраданите

 

Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Ова е првична помош што Град Скопје ја доделува, а во најскоро време ќе биде доделена дополнителна помош. 

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески рече дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст. 

- Ова е првична помош за семејствата на настраданите во рамки на можностите на Буџетот на Градот. Во најскоро време сме подготвени за дополнителна помош за семејствата на настраданите, рече Славески. 

Советот на Град Скопје ја почна денешната вонредна седница со оддавање почит на загинатите во трагичниот пожар во Кочани. 

18.03.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега