Грција од утре го укинува задолжителното носење маски на отворено
Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас соопшти дека од утре, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.
Од понеделник, пак, се укинува и полицискиот час. Според новите протоколи во угостителските објекти на маса ќе можат да седат до 10 лица.
-Подобрена е епидемиолошката слика во земјата, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.
Таа додаде дека се додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа