Грција подготвена да ги активира ковид-сертификатите пред 1 јули

 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја потврди подготвеноста на својата земја да го активира дигиталниот ковид-сертификат на Европската Унија уште пред 1 јули.

„Вирусот ја забрза дигиталната трансформација на земјата. Дигиталниот сертификат го олеснува патувањето, што е особено важно за нашата земја во средиштето на туристичката сезона“, рече денеска Мицотакис на презентацијата на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, пренесува АНА.

Макфакс

28.05.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега