Хрват доби казна зашто многу се карал сам со себе
Хрватски државјанин во угостителски објект „Тип Топ“ во Вишњевац бил уапсен, откако го нарушил јавниот ред и мир.
Очевидци за хрватските медиуми откриваат дека момчето се карало само со себе и викало „Дали сум јас идиот?!“.
По неколку секунди го турнал пепелникот од масата, по што се развикал повторно „Јас сум ќелав, ама не сум глупав мајмун“ и се заканил дека ќе скрши сè во локалот.
Веднаш била повикана полиција која го казнила со 700 куни, а поминал и во притвор два дена.
11.07.2022 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа