Гостиварка со автомобилот излетала од улица во градот и тешко се повредила
„На 04.05.2025 во 16.25 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Братство Единство“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната М.А. од Гостивар, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од екипа од ОВР Гостивар“, велат од полицијата.
05.05.2025 - 17:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа