Јанчев: Власта ќе им дозволи на инвеститорите да сечат шума без дозвола од државата

 


Денес пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ се обидува да протурка законски измени со кои се овозможува т.н. инвеститори да ги сечат македонските шуми без никаква контрола од страна на државата.

„Слушнавме дека станува збор за ситни измени кои ќе ја олеснат изградбата на инфрастуктурни проекти од јавен интерес. Не е така, ова се и крупни измени од аспект на заштитата на шумите. Што се прави со овие измени? Се тргаат контролните механизми за заштита на шумите, со цел полесна сеча на шуми, истакна Сашко Јанчев, пратеник на Левица на комисиската расправа.

Во постоечкото решение, при изградба на инфраструктурни проекти од јавен интерес, сечење на дрвна маса може да прави само ЈП „Македонски шуми“ и правни лица кои имаат лиценца со согласност.
„Сега се дозволува ова да го прави инвеститор, без лиценца, без согласност, само треба да даде обично известување. Значи, можеме да имаме ситуација да дојде инвеститор и да рече 'јас сега сечам' и никој да не се прашува, тие се главни во случајов.

Ова се крајно лоши решенија! Не прават ништо другу туку само ги отстрануваат контролните механизми за заштита на шумите. После она што го имавме со пожарите и со штетата на шумите да носиме ваков закон е надвор од памет“; кажа Јанчев.

10.03.2025 - 13:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега