ЕВН најави исклучувања низ Скопје: Проверете дали вашата улица е на списокот

 


Од ЕВН Македонија АД известија дека утре (вторник) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Бучинци (општина Илинден), Грушино (општина Арачиново), сите приватни трафостаници со волтаици во Мршевци (општина Илинден), како и приватните трафостаници на Моби Мак во Мршевци (општина Илинден) и Грушино (општина Арачиново)


 

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Кадино (општина Илинден)

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Димо Хаџи Димов и Марко Орешковиќ (општина Кисела Вода), дел од корисниците од улиците Костурски Херои и Петар Поп Арсов (општина Центар) како и корисниците од ул. Васил Стефановски. (општина Центар)

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Фјодор Достоевски (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 15, 17, 19, 21, 23, 25, 27, 29, 71, 73, 75, 79, 83, 100 и 101 во село Волково (општина Ѓорче Петров).

10.03.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега