ЈО: Осум дена притвор за хирургот од Битола

 


Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Како што е познато М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола.

Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почастел за извршената работа. Откако осомничениот ги примил парите, бил извршен претрес, а овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

30.01.2025 - 13:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега