Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите

 

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.

Пред посетата на Скопје, Панов кој е првиот кандидат за претседател на Бугарија, кој ќе ја посети земјава, во изјава за дописникот на МИА од Софија, рече дека во последните години неможноста да се постигнат компромиси кои се од заеднички интерес ги ставија односите меѓу Бугарија и Македонија во ќорсокак.

Панов, кој е отворен критичар на состојбите во судството во Бугарија и истакнат судија и прв човек на Вишиот касациски суд, а претходно и на Управниот суд, смета дека само договорот е она што најмногу може да донесе до приближување на позициите меѓу двете земји, но, како што вели, „емотивната поврзаност сама по себе е товар во решавањето на заедничките прашања“.

Според Панов, проблемот е што додека Бугарија и Република Македонија се расправаат за својата историја, трета страна им ја одзема можноста да градат заедничка иднина, а во случајов важи изреката „двајца се картаат, третиот користи“. Тој предлага разговорите меѓу двете земји да се засноваат на добра волја, а пред се, да се оневозможи „доктринирање на преговорите меѓу Софија и Скопје“.

08.11.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега