Кличко: Албанците изборија слобода против српскиот окупатор и ние исто ќе ја победиме Русија

 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го „запали“ нашиот сосед Србија, откако во разговор со албански портал му се заблагодарир на Косово за поддршката.

Кличко кажа дека Украина се бори против рускиот окупатор, исто како што се бореа Албанците против српскиот, а тоа ги налути нашите соседи.

„Многу ми е мило што првпат сретнав албанскси новинар, па можам да пренесам порака до албанскиот наррод на Балканот. Читавме дека и вие Албанците, како ние Украинците, сте луѓе на мирот, но и големи борци. Денес се бориме против рускиот режим, кој се обидува да ја окупира Украина, како што вие бевте окупирани од Србија“, кажал Кличко.

26.05.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега