Косово го забрани увозот од Србија поради, како што вели, киднапирањето на полицајците
Владата на Косово денеска одлучи дека „поради киднапирањето на тројца припадници на косовската полиција од страна на српските власти, нема да дозволи влез на стока од Србија во Косово“, објави приштинскиот портал Коха.нет.
Косовскиот премиер Аљбин Курти претходно во порака на Фејсбук рече дека „киднапирањето на полицајци, освен агресија, има за цел да го дестабилизира Косово“.
Реагираше и косовската полиција и министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља кои побараа нивно итно ослободување и ги повикаа меѓународните претставници да извршат притисок врз Србија.
Србија објави дека полицајците не биле киднапирани, туку уапсени оти вооружани и со мапи извршиле упад на српска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа