Лавров: Се случи нешто незамисливо, но нашите односи со Србија никој нема да ги расипе
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров не успеа да стигне во Белград, откако неколку држави, меѓу кои Бугарија, Црна Гора и Македонија му забранија прелет.
„Се случи нешто незамисливо. На држава ѝ е одземено правото за остварување на надворешна полиитка. Блокирана е секоја намера да се стапи контакт меѓу Србија и Русија. Ова е вознемирувачка акција. Со оваа постапка Западот јасно стави до знаење дека ќе ни врши притисок“, кажа Лавров.
Потоа Лавров испрати јасна порака за нивните односи со Србија.
„Нашите односи со Србија никој нема да успее да ги расипе“, вели министерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа