Марта Кос: Македонија е тажна приказна

 

Северна Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори…Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан што може да стане нова членка на Европската Унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, по што следува Албанија. Ова го изјави комесарката за проширување Марта Кос во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

- „Доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Значи, во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, ако требаше да чекаме со Украина додека Северна Македонија чека почеток на преговори, Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина. Можеме да го направиме тоа со Црна Гора. Сите поглавја се отворени, па затоа ги затвораме за да можеме да го завршиме процесот на крајот на 2026 година од техничка гледна точка“, рече Кос.

Кос упати предупредување до Србија, нагласувајќи дека властите во земјата сега мора да докажат дека навистина се за европскиот пат.

Во однос на Косово, Европската комисија сега очекува формирање нова влада за да знае со кого ќе преговара.

29.04.2025 - 11:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега