Матеј Периш испратен со тажни стихови на позната песна од Оливер Драгојевиќ

 

Голем број на луѓе пристигнале пред капелата во Сплит да го испратат, а неутешното семејство примало сочувство.

Голем број на Сплиќани се собрале денеска пред капелата на тамошните гробишта за последен пат да се поздрават со Матеј Периш, 27-годишно момче од Сплит, кој ноќта пред дочекот на Нова година без трага исчезнал во Белград, во ледената Сава.

Младиот Матеј бил погребан денеска нешто пред 12 часот. Покрај неговиот вечен дом има венци и цвеќиња, а на ковчегот имало цвеќе во бела боја, пишува „Republika“.

Матеј бил испратен со песната на Оливер Драгојевиќ „Moj lipi anđele“, ќе почива во ѕидна гробница, во близина на својот најдобар пријател, а на еден од венците пишувало „Те сака твојата наставничка“…

Семејството на трагично настраданиот Периш прво пристигнало во капелата каде примало сочувство од голем број на луѓе кои дошле да го испратат.

Хрватските медиуми потсетуваат дека на истото место на кое Матеј e погребан, погребан е и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ, кој трагично го загубил животот на мотоцикл.

23.05.2022 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега