Маж си го одземал животот откако по третпат му се запалил домот во Атина
Грчките медиуми објавија дека полицијата пронашла безживотно тело на 84-годишен маж во неговиот двор, откако се застрелал со огнено оружје.
Како причина се наведува тоа дека пламените јазици повторно стигнале до неговата куќа и тој не можел да гледа како неговиот дом гори по третпат.
Од болницата во Атина соопштија дека уште три лица се примени со изгореници, откако пожарот се прошири поради силниот ветар.
20.07.2022 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа