Мицкоски: Ќе има робусна контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон

 
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос безбедноста и лиценци за ноќните клубови и кабареата, што вчера дознаеме дека само 12 клуба во целата држава имаат лиценци и работата на инспекторатите досега, изјави:
 
„Во моментот трае акција на Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата. Инаку согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, се лиценцираат отворени и затворени дискотеки. Јас би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу поголема од тие коишто имаат обезбедено законски документ. 2007 е сменет Законот. Во тие измени на Законот, документите кои ги доставува правното лице коешто бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што, екс официо не се проверени тие документи. Така што овој објект од свои петстотини и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре. Ни по една основа не може да биде кабаре и да бара лиценца за кабаре. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките, сумата којашто треба надоместокот да се плати, е поголем, виза ви овие коишто се лиценцираат како кабаре.
 
Се истражува и бидете сигурни, бидете сигурни дека ниту еден објект којшто не ги исполнува, како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира со сиот ризик и критика којашто потоа Владата ќе ја трпи.
 
Жалам што досега, сето ова се толерирало. И жалам што луѓето во Министерството за економија, дури и кога ги добивале документите под полна материјална, и морална и кривична одговорност, таков е Законот, екс официо не ги проверувале. Жалам што за 15 минути за одредена сума надомест, се давани овие лиценци. Но тоа е она за коешто можеме денеска да го кажеме. Кога би бил семоќен и да можам да го вратам времето неколку години наназад би било сѐ поинаку, но за жал не сум.
 
Тоа што можам јас сега да го направам, како прв човек на Владата, а го правам и во текот на вчерашниот ден и денеска ќе го правам на сама седница на Влада, е робусна акција, робусна контрола, жестока контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани."
18.03.2025 - 15:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега