Муртезани во Атина ќе ги унапредува добрососедските односи со Грција
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани престојува во работна посета на Атина, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот.
Во рамките на посетата, министерот Муртезани, како што соопштија од МЕП, ќе се сретне со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, амбасадорката Александра Пападопулу.
-Средбата претставува можност за размена на мислења по повеќе прашања, вклучително и за унапредување на добрососедските односи, зајакнување и продлабочување на билатералната соработка и разгледување на клучните предизвици во процесот на европската интеграција на Северна Македонија, се наведува во соопштението.
Според агендата, министерот Муртезани ќе оствари средба и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис.
Во фокусот на разговорите ќе биде парламентарната соработка, динамиката на реформскиот процес и можностите за заеднички иницијативи во контекст на политиката на проширување на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа